Петар Печков
Објавено: вторник, 01 мај 2012
На голем ден, 1-ви мај, почина Миле Бошков, Миле Мувата, велешкиот Павароти. За него не е важно колку години имаше, за него е важно што остави зад себе во велешката историја и чаршија. А за него уште монгу ќе се раскажува, се додека постои чаршијата. Во името на сите велешани, Фала му за сите убави мигови што знаеше да ги приреди. Еве ја неговата последна изјава, на минатогодишнито концерт на велешките поп рок легенди, во Младински парк. Постојано ведар и насман, со шега, Миле замина во историјата, можеби на некого ќе му се чини претерано, но тој беше дел од знаците на Велес.
Ривалите ми префрлаат дека сум бил `рѓосан а јас за разлика од нив, постојано настапувам, пеам и свирам, но и добивам аплаузи среде песна. Ривалството меѓу нас остана, ама само во музиката. Ние сме другари, пријатели како и пред многу години. Велес беше музикален град имаше многу свирки, на различни места и престиж беше да се наполни салата, затоа моравме да бидеме во тек со најновите хитови. А внатре, каде свириме, беше гунгула, која потоа се прераскажуваше до следниот настап – вели Миле Бошков.
Тој беше тапанар во некогашните ,, Триумфи,,., одлично пееше и англиски и мексикански песни.Искрено жалам што не успеав сите овие години да му посветам повеќе простор, бидејќи тој имаше што да каже и тоа го заслужуваше. Но местото кај велешани нема да биде избришани на нашиот Павароти. еве два линка од негови настапи :
http://www.youtube.com/watch?v=fzK448IN6RQ&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=jyuhFC7PpM8&list=UUjyPCPjFLyuio62WaG5YPVA&index=5&feature=plcp
Tweet |