речник контакт

Замрзнатата цена на белиот леб, ги испразни рафтовите со овој основен продукт

Има празни рафотви за леб и нездоволни потрошувачи

Петар Печков

Рафотвите со леб во велешките маркети празни или полупразни. Бел леб, кој има најниска цена, нема. Кога го нема овој леб мора да се купи некаков, поради што се трошат и другите, иако нивните цени се повисоки.

 „Не ни дистрибуираа бел леб. Не доставија и други видови. Количеството кое го добивме се потроши, па имаме празни рафтови и незадоволни потрошувачи“ – вели проадавач во маркет во центрот на градот.  

Граѓаните се саноѓат кој како умее. Hекој купиле повеќе парчиња во текот на вчершниот ден и го замрзнале, други купуваат брашно за дома да месат,  трети се снабдуваат од поскапите видови. 

„Има семејства кои купуваат по три-четири леба. И тие сега мора да се снабдат од поскапите видови и да платат по 200 денари, наместо 120. И така секој ден.Колкав е трошокот за нив, нека пресметат  производителите„-  вели жител на Велес.

Според анализите на Министерството за економија, кај голем дел од компаниите кои што користеа субвенционирана електрична енергија од ЕСМ Продажба по цена од 80 евра за мегават час, немало намалување на цените на основните прехранбени производи.

Врз основа на податоците од Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија до Владата предложи мерката да се укине за сите компании од прехранбениот сектор.

Мерката за субвенционирана електрична енергија од 80 евра по мегават/час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи важеше од 1 декември 2022 до 30 април 2023 година.

Мерката се однесуваше на компаниите кои што произведуваат производи – масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија.

Целта на оваа мерка беше компаниите од прехранбениот сектор да ги намалат цените на основните прехранбени производи.

Од групација за мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија кажа  дека и сега имало поевтинет леб благодарение на субвенциите за струја, но дека замрзнувањето на цената ќе предизвика прекин на нивната работа.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »