речник контакт

Запознавање на граѓаните за препознавање на семејно и психолошко насилство

Едукација и за питачењето, со препорака граѓаните да се воздржат давање пари

Петар Печков

Со граѓаните на Велес реализирана е  превентивна активноста на тема „Има помош за живот без насилство“ и „Превенција од питачење“.  Активноста е реализирана од полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес.

„Преку непосредна комуникација, граѓаните беа информирани за појавите на семејно насилство, правата и мерките за заштита при постоење на некои од облиците на семејно насилство, но и за начините како да препознае психолошко насилство и насоки за тоа што можат да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство“ – соопштија од МВР.

Спроведна е и активност за превенција од питачење, со укажувања и совети за граѓаните да се воздржат од давање пари на лицата кои питачат, а секој забележан случај на питачење, особено од деца на улуца, да го пријават во надлежните институции со цел нивна заштита. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »