речник контакт

Започна учебната година за околу 8 илјади ученици во велешко (фото)

На училиште тргнаа 600 првачиња

Петар Печков

Започна учебната 2015/16 година . Во клупите за прв пат ќе седнат во велешко  598 ученици  првачиња, еден помалку од лани додека во прва година средно  има 671 ученик, или 13 повеќе од претходната  школска година. Проценката е дека денес на настава тргнаа без малку осум илјади ученици во велешко. 

Има посакувам многу среќа, знаење  и совладување на наставната програма на сите ученици и просветните работници. Тие што почнаа со школувањето, првачињата и средношколците ги очекуваат нови предизвици но и нови  убави моменти од животот.  Годинава имаме позитивна бројка, 12 запишани ученика повеќе од претходната година.  Наставата почна непречено во сите училиште во општината - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.

Наставата започна во поголем број редуцирани паралелки, без малку во сите основни и средни училишта. Советот на последната седница донесе одлука да се формираат паралелки со помал број ученици во Васил Главинов седум во Св. Кирил и Методиј три,  во Благој Кирков и Јордан Хаџи Константинов Џинот по две. Во средните во Коле Неделковски во сите десет ново запишани ќе има помал број од минимално дозволената квота,     во Економското  Јовче Тесличков во три и во Хемиско Димитре Чуповски две паралелки.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »