речник контакт

Започна 10 – тиот Фестивал на фолклорни ансамбли Велес 2013 (фото)

Илјада учесници од 19 ансамбли ќе го претставата фолклорот на земјите и градовите од каде доаѓаат

Петар Печков

Во Велес вчеравечер започна 10-тиот јубилеен Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2013” на кој учествуваат илјада игроорци од  осум  држави. На свеченото отворање му претходеше дефиле на учесниците низ улиците на Велес преплетувајќи ги боите на Турција, Литванија, Романија, Полска, Украина, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Следниве пет дена Велес  ќе живее во ритамот на фестивалот. Велес уште еднаш потврди дека е град на мостови на пријателството што обединуваат и градат трајни врски меѓу народите. Тоа ја оправдува и нашата гордост и среќа што сме домаќини на најголемите амбасадори песната и танцот,  во светот  – рече градоначалникот Славчо Чадиев. 

Велес по  десетти пат се радува, игра и пее заедно со своите гости. Дел од гостите ќе имаат настапи и во Кавадарци и Свети Николе.   На фестивалот учествуваат  19 фолклорни ансамбли, од кои девет се од странство. Тие настапуваат во Амфитеатарот од Младинскиот парк а фестивалот трае до сабота, кога на завршната вечер ќе настапат игроорците од  Танец од Скопје. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »