Петар Печков
Објавено: среда, 16 септември 2015
Започна академската 2015/16 наставна година во Велес, со врачување на индексите на студентите од прва година на ТЕХНОЛОШКО-ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ од Велес, кој работи при Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола.
Запишани на овој факултет во прва година се 43 редовни од планираните 75, со тоа што сите 20 места во прехранбена технологија и биотехнологија се пополнети, додека во нутриционизам запишани се 23 редовни од 55 слободни места како и и десет вонредни.
Овој прв студентски час е посебен, оти се случува прв пат и останува запознам во сеќавањата. Ќе се обидеме да Ви помогнеме да ја засакате професијата, ќе тежнеете кон што поголемо знаење. Не е само да се добие парче хартија за дипломиран инженер технолог. Учете за да добиете знаење - рече деканот, вонреден професор Валентина Павлова.
Според неа задоволителни се бројки на запишани студенти а квотите се делумно исполнети. Досега на овој факултет имаат завршено стотина студенти, а деканот Павлова се пофали дека повеќето од нив се веќе вработени. Тој работи од 2008-та година.
Tweet |