речник контакт

Започна асфалтирањето на патот од Гостиражни кон Богомила

Годинава ќе се асфалтираат 6,5 км догодина 5 км со што жителите на Азот ќе го скратат патувањето до Прилеп за 60 км.

Петар Печков

Денес започна асфалтирањето на патот од село Гостиражни, прилепско кон село Богомила, општина Чашка. Со ова  конечно се решава деценискиот проблем на жителите од овој крај, од Азот  кој за а стигнат до Прилеп и Пелагонија, мораа да патуваат преку Велес и Кавадарци. Така земјоделските производи од овој крај ќе имаат можност да се пласираат на поголем пазар, а жителите ќе имаат можност за полесно сообраќајно поврзување. 

Градиме по план и создаваме модерна патна инфраструктура која ќе го олесни животот на граѓаните и ќе овозможи непречен проток на стоки и услуги - порача Горан Стојановски, градоначалник на Општина Чашка. 

Годинава ќе се асфалтираат  6,5 км. на претходно изработената траса. До година ќе се асфалтираат 5 км до населба Богомила, откако таму ќе заврши изградбата на новиот мост, кој со овој пат ќе ги поврзува жителите на Азот со прилепско. 

Започна асфалтирањето  населеното место Црнилиште па до Општина Чашка. Тој пат се асфалтира првпат по 50-ина години. Ова е со големи придобивки и патот на жителите од Долнени кон Чашка се скратува за 60 километри. Значи жителите не мора да патуваат преку Прилеп и Плетвар, туку директно, од Долнени, преку Бабуна ќе се приклучат на автопатот кај Велес, со што за 60 километри ќе им се скрати патувањето и ќе биде пократок патниот правец кон Скопје. Освен тоа, „Македонија пат“ ќе учествува во изградбата на хоризонталната и вертикалната сигнализација -  рече директорот на Јавното претпријатие „Македонија пат“, Беким Мемеди. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »