Петар Печков
Објавено: петок, 22 ноември 2019
Од денес започна бесплатното вакцинирање против сезонски грип. Тоа се однесува за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени и здравствени работници.
Во Центарот за Јавно здравје во Велес гужва и голем интерес за оваа вакцина, пред се од лица со возраст над 65 години. Лицето кое беше на вакцинација, кажа дека годинава и тој и сопругата за прв пат примаат сезонска вакцина за грип, оти сметаат дека им е потребна и ќе им овозможи добро здравје зимава. За првите три часа беа вакцинирани 55 пациенти.
За да бидат вакцинирани тие треба да имаат упат од матичен доктор, во ,,Мој термин,,. ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес добил 1.050 бесплатни вакцини, додека Кавадарци и Гевгелија по 700 а Свети Николе и Неготино по 400.
Од вторникот пак е започната комерцијалната вакцинација за сезонски грип со плаќање од 650 денари. Досега биле вакцинирани 230 лица а ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес за Повардарјето имал обезбедено 1,3 илјади вакцини.
Tweet |