Петар Печков
Објавено: среда, 19 октомври 2022
Започна вакцинацијата за сезонски грип. Одѕивот во ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес за бесплатната вакцинација е голем. До 11 часот веќе беа аплицирани 70 лица а пријавени биле 120, чиј термин е до 13ч.
Оваа бесплатна вакцина е за лицата кои се хронично болни, граѓани над 65 години, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години и новинава годинава се здравствените работници.
„Имаме два тима кои вршат вакцинација за сезонски груп, еден е бесплатниот, преку мој термин и вториот е комерцијалните. Нивната цена е како и лани 800 денари“ - кажа Богданка Дограмаџиева Јорданова директор на ЈЗУ Цента за јавно здравје, каде се врши вакцинацијата.
Комерцијалните вакцини се во количество од 400 примерока за подрачјето на Повардарјето, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија и Свети Николе.
„Ова количество е набавено според минатогодишните барање и интерес од страна на граѓаните. Лани биле нарачани повеќе и дел останале“ - додаде Дограмаџиева Јорданова. Комерцијалнана вакцинација се одвива секој работен ден од 8 до 14 часот.
И бесплатната и комерцијалната вакцина годинава се од ист производител. Тоа е четиритипна вакцина против сезонски грип, од производителот „Абот“ од Холандија. Министерството набавило 40 илјади бесплатни вакцини против сезонски грип.
Tweet |