речник контакт

Започна да дежураа против пожарниот воз

Ја покрива територијата на пругите до Кочани, Гевгелија и Кременица –Битола

Петар Печков

Во железничката станица Велес и на станицата Трубарево – Скопје, од почетокот на месецов  започнаа да дежураат двата противпожарни возови на МЖ.  Првиот  ја покрива територијата на пругите до Кочани, Гевгелија и Кременица –Битола, додека вториот е до Кичево, Волково  и Табановце.

Против пожарните возови годинава добија нов систем за полнење со вода.  Тие се обезбедени со 24 часовно дежурство од по три лица, вкупно се ангажирани 12 вработени кои се обучени да делуваат против пожари.  Возовите во секој момент имаат  обезбедена локомотива, а освен што ќе гасат пожар покрај железничката пруга до 40 м., тие можат од нивните вагони да препумпуваат вода во противпожарните возила  и така да се штеди на време при интервенциите.

Имаат  капацитет од 40 тони вода, во  две цистерни од по 20 тони, и ќе сообраќаат до крајот на септември. Минатата година екипата на возот  во Велес имала десетина интервенции, кога пожар беснеел покрај пругите на  Македонски железници. Најмногу работа имале во Прилепско. А гореше и покрај пругата од Бабуна до манастир.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »