Петар Печков
Објавено: среда, 30 март 2022
Откако две седмици паѓање бројот на активни случаи, вчера и денес започна да расте бројот на лица со ковид-19 во велешко. Изминатите 24 часа има нови 11, оздравени се двајца пациенти па бројката на активни се искачи на 43 лица. Починати нема.
Денес во двете ковид одделенија од велешка Болница, згрижени се седум пациенти, двајца помалку од вчера. Hа Инфективно се хоспитализирани тројца а на Интерно се четворица пациенти. Нема ново примен а испишани со по еден негативен тест се двајца пациенти.
„Потврдено позитивни се двајца, четворица се негативни, но со потреба од болнички третман, непотврден е еден. На кислородна поддршка нема пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |