Петар Печков
Објавено: вторник, 18 септември 2012
Во саботата се изврши освет на камен-темелник на нова црква во селото Бистрица. Чинот на осветување на камен-темелникот го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители. Новата црква во селото Бистрица ќе се гради во чест и слава на светите апостоли Петар и Павле. Црквата ќе се гради со средства од жителите на селото и Повардарската епархија, на темелите на некогашната истоимена црква.
Tweet |