речник контакт

Започна да сообраќа автобуската линија Градско -Велес - Градско

Започна да се применува одлуката на Советите на двете општини

Петар Печков

Од почетокот на месец февруари стартуваше автобускиот меѓу општински превоз од Велес за Градско и обратно. Со ова започна да се применува одлуката на Советот на двете општини донесени на седници на почетокот на минатата година.

„На јавниот повик се пријавија две фирми а подобри услови понуди „Пан промет“ и таа ќе ја одржува автобуската линија“ е информацијата од локалната власт. 

Досега граѓаните на Општина Градско зависеа за патувањето до Велес од меѓуградскиот превоз и од железничкиот, кој е со само две линии кон и од Градско.

Од Пан промет соопштија дека новата автобуска линија има по четири поаѓања од Градско и од Велес, со  попатни станици во селата Виничани и Ногаевци а од Велес тргнуваод постојка Трговски Нова населба.  

Меѓу  општинскиот превоз со Чашка и натаму функционира додека тој со Лозово е една година во прекин.

„Во постапка е спогодбата за заедничко организирање на превоз на патници со општина Чашка, а додека пак за општина Лозово нема нова иницијатива од страна на општина Лозово до овој момент“- соопштија од Општина Велес. .

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »