речник контакт

Започна изградбата на водовод кон Горно Јаболчиште

Вредноста е 30 милиони денари. Општина Чашка седниците на Советот ги работи со симултан превод, обезбедена опрема вредна пет илјади евра

Петар Печков

Започна  изградбата на новиот водовод во Горно Јаболчиште. Околу три илјади жители така наскоро ќе го решат проблемот со водата за пиење.  Вредноста на проектот е околу 30 милиони  денари, средства обезбедени од ЕБОР  -15.938.000 денари и ИПА фондови -14.062.000 денари. Изведувач на дел од градежните активности е фирмата „АДРА“ Скопје.

Проектот ќе опфати изградба на резервоар, примарна мрежа за водоснабдување во должина од 4.5 километри и секундарна мрежа во должина од 1.5 километри која ќе минува низ населеното место - објасни градоначалникот Горан Стојановски.

Изградбата на водоводот ќе обезбеди квалитетна вода за пиење за сите жители и подобрување на условите на живот на населеното место.

Во месец октомври се реши  прашањето за симултан превод при работата на седниците на Советот на Општина Чашка. Бидејќи согласно Законот за локална самоуправа и Законот за употреба на јазиците, советници Албанци можат да говорат на мајчин јазик како службен, бидејќи се повеќе од 20 отсто од жителите на општината. 

Таков систем за симултан превод локалната власт преку ЗЕЛС добила во 2004-та. Кога дојдов на функцијата во 2017-та неа ја немаше, па поради тоа имаше истрага и судски процес. Во октомври локалната власт набави опрема за симултан превод, и сега  на седниците се говори двојазично, советниците Албанци можат да говорат на мајчин јазик - рече Горан Стојановски градоначалник на Општина Чашка.   Новата опрема ја чинело Општината пет илјади евра. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »