речник контакт

Започна кампањата „Подобрување на безбедноста на патните премини на железничката пруга“

Лани на железничките премини во Македонија имало две жртви, од нив една беше на преминот кај Горно Оризари

Петар Печков

Започна кампањата „Подобрување на безбедноста на патните премини на железничката пруга“ која е  во организација на Секретаријатот на транспортната заедница на Европската комисија, во соработка со Министерството за транспорт и врски. Кампањата ја промовираше Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој кажа  дека безбедноста во сообраќајот е проблематика од примарен јавен интерес.
„Можам да потенцирам дека ефектите од сеопфатниот пристап веќе даваат позитивни резултати како во делот на подигањето на јавната свест, едукацијата, сообраќајната култура, така и преку статистичките показатели во поглед на намалувањето на жртвите и штетите во сообраќајот. Тука, се разбира, не ја исклучувам ни безбедноста во железничкиот сообраќај, кој има и огромно економско значење“-изјави Спасовски.

Во текот на 2021 имало две жртви на македонските пруги од која една беше и во Велес, на патниот премин за Горно Оризари,  а во 2020 година имало една жртва во сообраќајна несреќа на железнички премин. Од  МВР  велат дека тие и другите надлежни институции се целосно подготвени за посилен заеднички и координиран пристап во насока на целосно анулирање на сообраќајните несреќи на железничките премини.

кампањата има за цел да ја подигне свеста кај целата јавност, да продолжат заедничките активности, институционални и образовни за да се заштитат децата, возрасните и сите учесници во сообраќајот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »