Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 декември 2017
На свеченост одржана на Техничко - технолошки факултет - Велес денес беа доделени дипломите за завршените студенти и на магистрантите. Започна и наставата за докторските студии, за шестмина студенти и за 12 студенти за магистерски студии. Дипломите на завршените студенти и магистрите им ги врачи деканката д-р Валентина Павлова.
Денес дипломи добиваат 24 завршени студенти и 6 магистрирани студенти. Има и втор дел од свеченоста, тоа е свечен час. Се однесува за 12 студенти кои продолжуваат за магистерски студии и шест запишан докторанти на новата студиска програма иновативни технологии за храна и нутриционизам - рече Павлова.
Лани за прв пат започнало запишување за докторски студии на овој Факултет и имало еден студент, годинава три се од Македонија и три од Косово. Првите дипломирани докторанти се очекуваат за две до три години. На овој факултет имало запишани како редовни студенти од Албанија и Србија а со обезбедени стипендии на Министерство за образование на Македонија.
Свечено беа доделени на дипломите на завршени студени на двете програми на ТТФ -прехранбена технологија и био-технологија и за нутриционизам. Дипломи добија и шест магистрирани студенти на три студиски програми - едногодишна и двогодишна нутриционизам и едногодишна за управување со безбедност и квалитет на храна. Техничко – технолошки факултет – Велес започна со настава во 2008/9-та година.
Tweet |