Петар Печков
Објавено: четврток, 18 септември 2014
Со поделување на индексите на 40-те студенти на Технолошко- техничкиот факултет во Велес во понеделникот започна академската 2014/15 година. На четирите Факултети кои работат во Велес на три имаше упис а два се пополнети.
На Технолошко- техничкиот факултет со седиште во Велес пополнети се сите 40 слободни места предвидени за редовните студенти. Сите тие се на отсек нутриционизам. Предавањата се одржуваат во поранешниот хотел Вила Зора.
На Факултетот за Информатички и комуникациски технологии од Битола, со диспензирана настава во Велес сите 70 места пополнети. Таму првиот час дополнително ќе биде закажан. Предавањата ќе се одржуваат во поранешното ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот.
На Економскиот факултет диспензираните студии по сметководство и ревизија во Велес запишани се 25 студенти од предвидени 40, со тоа што во тек е третиот уписен рок. Предавањата на овој факултет се одржуваат во Економското училиште во попладневните часови.
Првите два факултети работат во рамките на Универзитетот Св. Климент од Битола додека третиот е при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје. Сите насоки при Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, со диспензирани студии во Велес се во мирување.
Tweet |