Петар Печков
Објавено: среда, 26 декември 2018
Корисниците на социјална парична помош согласно Законот за социјална заштита еднаш годишно треба да поднесат документација за материјалната и бројната состојба на домаќинството. За оваа обврфска лицата имаат еден месец.
Затоа сите корисници од Општина Велес, Градско и Чашка, треба до понеделник, 28 јануари да ги достават сите неопходни и потребни документи до Центарот за социјална работа Велес - информираа од Центарот за социјлани работи Велес.
Корисниците на социјална помош пред да ги поднесат документите за материјална и бројна состојба на семејството, треба со важечка лична карта да обезбедат документ од Агенцијата за вработување дека се активни баратели на работа - пријавување секој месец во АВРМ. Ова е обврска за сите членови на семејството на корисникот.
Tweet |