Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 април 2019
Претпладнево започна обуката за унапредување на здравствените услуги преку јакнење на капацитетите на патронажни сестри. Неа ја отвори Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче. Се одржува во регионалниот едукативен центар во Здравствениот дом Велес.
На неа освен патронажни сестри од Велес присуствува и од Здравствените домови во Штип и Свети Николе. Организатор е Министерството за здравство, Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки и во соработка со Симулацискиот медицински центар на Република Северна Македонија.
Со оваа обука, здравствените услуги ги доближуваме поблиску до граѓаните, преку добивање на здравствена заштита и услуга во домот. Патронажните сестри се клучни, затоа што тие работат во заедницата, со семејствата, со поединецот. Врвен приоритет на Владата и на Министерството за здравство е остварување на Целите за одржлив развој на Обединетите Нации, како и значењето на декларацијата од Астана, со посебен фокус на примарната здравствена заштита - изјави министерот Филипче.
Обуките за унапредување на здравствените услуги преку јакнење на капацитетите на патронажни сестри ќе се спроведуваат во сите јавно здравствени установи низ државата. Во подготовка се стандардните оперативни постапки во патронажа, како и општите и специфични интервенции и подготовка на правилникот за патронажа.
Кочани е првата општина во земјава, која почна да се реализира мобилен сервис за грижа во домашни услови, во септември 2018 година. Интегрираните услуги за нега на Министерството за здравство добија позитивна оценка од Светската здравствена организација и опишани се дека го поттикнуваат унапредувањето на здравјето.
Tweet |