речник контакт

Започна постапката за отворање на велешкото кино

Беше усвоена точката со која треба дигиталната опрема и дел од објектот, салата Бели мугри, да се изнајмат за користење преку јавно наддавање

Петар Печков

Како итна точка на дневен ред на 27 седница на Советот на Општина Велес, беше поставена точката за  начин на давање под закуп на електронска опрема од велешкото кино. Таа подоцна беше и едногласно усвоена со 20 гласа. 

Со ова се отвора можност по пат на јавно наддавање, да се изнајми дигиталната опрема која пред две и пол години локална власт ја набави и го опреми просторот од салaта Бели мугри, за да може да се прикажуваат  и одржуваат кино проекции.   Со одлуката се предвидува да се отстапи и дел од објектот, со  користење на салата, исто така по пат на јавно наддавање.  И опремата и салата се сопственост на Општина Велес.

Неодамна градоначалникот Марко Колев најави дека конечно е најден заинтересиран кино оператор, кој сака да работи со велешкото кино. Како рок за завршување на постапките градоначалникот го посочи крајот на јануари, за кога најави отворање на киното за прикажување на филмови.

Кога пред две години таа беше опремена и реновирана локалната власт потроши 76 илјади евра од   општинскиот Буџет.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »