речник контакт

Започна процесот на дератизација на јавните површини во Велес

Во следните неколку дена ќе биде опфатена површина од 150.000 м2

Петар Печков

Од вчера  17 мај  започнаа активности за спроведување на пролетната дератизација на јавни површини и јавни објекти кои се во надлежност на Општина Велес.

„Дератизација се врши два пати годишно во пролетниот и есенскиот период. Во следните неколку дена ќе биде опфатена површина од 150.000 м2, односно сите јавни површини во градот, како и двата брега на реката Вардар, од Башино село до компанијата „Агриа”. По спроведена постапка за извршување на овие активностите избран е операторот ЈЗУ Центар за Јавно здравје – Велес“ - информираа од локалната власт.

Ова е една од општите мерки кои општината ги презема, за заштита на населението од заразни болести. 

„Препаратот кој се користи за дератизацијата е селективен, од сертифициран производител и ја третира популацијата на глодарите. Со одобрение од Министерство за здравство на Република Северна Македонија, за употреба во јавната хигиена, не преставува опасност за останатиот животински свет“ - дополнуваат од Општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »