речник контакт

Започна процесот против Боката

Никој здрав не можеше да живее со Светлана која ме труеше и сакаше да ме умре, вака се бранеше Борислав Ангелов Боката

Петар Печков

Никој здрав не можеше да живее со Светлана која ме труеше и сакаше да ме умре, вака се бранеше Борислав Ангелов Боката (59 год)  кој ја запали куќата и во неа  ја заклучи поранешната сопруга за да ја убие. Тој се товари за две кривични дела убиство во обид и предизвикување на општа опасност.  На почетокот од судскиот процес Ангелов призна дека ја полеал куќата со петролеј и ја заклучил Светлана во неа.

\"\"

- Намерата му беше да ја натерам да признае дека ме труе  по цена  да загинеме и двајцата во пламенот. Тешко ми падна кога му велеше дека ќе ми ја зеде куќата а јас ќе останам на улица. Ова беше моја лична замисла и никој не стои зад ова - изјави Ангелов за потоа во испрашувањето да каже дека немал намера да ја убие. За него животот со Светлана бил пекол и сега во истражниот затвор во Шутка му било подобро отколку дома. Според него континуирано бил труен три години, за овој проблем барал чаре на повеќе места но од никого не добил помош. Екс сопругата Светлана Ангелова ( 54 год) со солзи се присети на кобниот настан од 18-ти септември годинава.

\"\"

- Половина година пред луѓето се закануваше дека ќе ме запали и убие. Постојано ми велеше дека го трујам па храната и фрижидерот ги чуваше заклучени со синџир и катенец. Ден пред да ја запали куќата со нож налета на мене. Критичниот ден ме заклучи во купатило, куќата ја полеа со петролеј  ја запали, а мене не ми дозволуваше да излезам  со секира и метална шипка ме маваше - изјави Светлана Ангелова.

Судењето продолжува со сослушувањето на сведоците.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »