речник контакт

Започна реконструкцијата на улицата Архиепископ Михаил и Младински парк

Што друго ќе се гради или се гради овој период, најава на градоначалниот Колев

Петар Печков

Започна со реконструкција улицата Архиепископ Михаил а со изградбата на кружен тек на Сармаале, таа треба да биде еднонасочна. Тој во присуство на партискиот лидер Христијан Мицковски, ги наброја проектите чија реализација е во тек или наскоро ќе започнат да се изведуваат.

„Улицата Лазо Осмаков (која води до Хигиенски), пред неколку месеци ја сменивме водоводната линија, пред неколку дена почнавме темелна реконструкција на целата улица, фактички вадење на целиот асфалт, таму има два слоја на асфалт, нови тротоари и нови ивичници. Улицата Архиепископ Михаил денеска почнува да се реконструира, се работи за поголема улица од 750 метри, од Сармаале до Градскиот саат, потоа едниот крај од улица Сараевска е завршен уште два ни остануваат и деновиве и тие ќе бидат завршени, улицата Киро Ќучук ќе добие асфалт. Во месноста Дворови улиците Ѓоре Органџиев и Кукушка ќе бидат поплочени со бехатон плочки“ - кажа Колев.
 
Зборуваше и за реконструкција на улицата Орце Мартинов, или Болнички дол, за која често има реакции од нејзините жители, за која долго се чека обнова.

„Чекавме да мине овој дождлив период од годината па да започнеме со работи, оти знае поројниот дожд да ги однесе сите коцки кои таму се поставени оти сливното подрачје е големо и собира многу вода а тампонот да се уништи. Најавувам дека улиците околу Градскиот пазар ќе се обноват. По должина од Стар мост, до Работнички Универзитет, потоа десно до сточното пазариште. Целосно ќе се смени и асфалт и тротоар. Почнаа работите на изградба на кејот на река Вардар  а до крајот ан месецов треба да заврши изградбата на вториот дел до покриениот Градски пазар.  Денеска се наоѓаме во младинскиот парк каде што можете да забележите дека имаме градежни активности, се реконструира целосно младинскиот парк, но се реконструира и амфитеатарот и тој ќе добие нов лик“ додаде Колев.
 
Кажа дека ракометното игралиште во Градскиот парк добило зелена подлога- вештачка трева, се работело на реконструкција на спортските терени во населба Тунел. 

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека плочите кои се отстрануваат од патеките во Младински парк, во 60 отсто биле оштетени  а здравите  се чуваат и ќе бидат искористени , поставени во Градски парк.  
 
На забелешките дека градоначалникот не објавува јавно средствата со кои се реализираат градежните зафати, кој ги одвоил, дали се од државни институции, министерства или локалниот буџет, дека не кажува кој проект што го реализира е наследен или нов, Колев кажа:

„Во моите објави секогаш има проектот кој го  реализира. Се обидувам да ги привлечам сите можни програми и фондови  за реализација на проекти, од министерства од ЕУ, од амбасади. Не сакам да са карам со никого, туку да привлечам пари.  За илустрација кога СДСМ беа на власт и на локално и на државно ниво, тогашниот градоначалник  преку програмата на ЈП за државни патишта искористи 250 илјади евра за 4 години. Во исто време во Општина Чашка за сито време добија 4 милиони евра. Но тој од Чашка не се караше со никого, туку лобираше. Јас сум во комуникација со сите институции за да привлечеме што повеќе средства. Годинава од ЈПДП добивме 30 милиони денари за реконструкција на патишта во општинава, лани требаше 60 милиони но не добивме ништо. Локални моќници од СДСМ се јавуваат кај премиер, министер се за да го закочат процесот, да блокираат.   Лани се пофаливме но не добивме ништо, годинава добивме но ќутевме, за да некому , некој локален моќник, не му текне да не закочи повторно. Откако почнавме со работите кажавме дека се обезбедени. За жал со раководство на СДСМ од Велес немаме комуникација иако имаме со други нејзини членови. Во раководство нема идеологија, има интереси, раководството се лица кои се од други партии, не се кадар на СДСМ - рече Колев.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »