Петар Печков
Објавено: среда, 06 ноември 2013
Тринаесет мостови на коридорот 10, на релацијата од Велес до Катланово ќе бидат санирани со помош на НАТО, во третата фаза од Проектот за поправка на мостовите на оваа делница. Неговата вредност е 8,6 милиони евра, работите ги доби француска фирма Фросинет а под изведувачи се Кединг и Жикол, средствата се на НАТО. Треба да заврши до јуни 2015 година. Посебен сообраќаен режим ќе има од 15 ноември, кога ќе започнат градежните активности.
Овој проект НАТО е пример на нашето мото ,,повеќе заедно,, и дека заедно можеме да постигнеме повеќе. Реконструираните мостови ќе имаат поголем капацитет, ќе се зајакне носивоста која ќе биде според НАТО стандардите. Така ќе има поголема безбедност и за нашите возила но и за сите патници од цел Балкан кои патуваат по автопатот. Овој коридор е најважен логистички пат за НАТО на Балканот – рече Салваторе Фарина генерал мајор од НАТО и командант на силите на КФОР на Косово.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски се заблагодари за досегашната соработка со НАТО и најави дека од наредната година ќе започне целосна реконструкција на автопатот, на истата оваа делница од Велес до Катланово, со што таа во средината на 2015-та ќе тој биде комплетно обновен.
Претходните години во две фази од 2005-та до 2009-та, со финансиски средства на НАТО беа реконструирани 49 мостови, во должина од 4 км а вредноста на работите беше 22 милини евра. Тие беа на релацијата Блаце - Гевгелија.
Tweet |