Петар Печков
Објавено: вторник, 04 мај 2010
Првомајски викенд ги наполни планинарските домови на Чеплес и Папрадиште, така што гостите морале да спијат и во шатори. И двата дома имаат можност да примат по 50 посетители, но поради празниците имало многу повеќе, така што домаќините , за да не ги враќаат дома им обезбедувале спиење во шатори или вреќи.
Привлечната цена од 150 денари за една ноќ, убавата природа и можноста за прошетка на неколку интересни локации ги привлекла љубителите на планината да поминат викенд на падините од Јакупица и под Солунска глава. И од двата дома велат дека ова е убава најава за претстојната сезона, од која очекуваат многу повеќе гости отколку лани.
Tweet |