Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 март 2011
Еден камион со кревети, фотелји, маси беше наполнет со инвентар од поранешниот Хотел Вила Зора, некогашниот Пензионерски дом, кој ќе се употребат во други сместувачки капацитети во земјава.
Присутните од Фондот за здравство рекоа дека тие го носат инвентарот кој е сопстеност на државта, бидејќи таа го купила годините наназад. Истиот ќе биде употребен во неколку пензионерски одмаралишта, каде постојниот е дотраен и уништен.
Велешките Борци за новонастанатата состојба немаат коментар и за се ја известиле локалната власт, која испратила нивен претставник на примопредавањето.
Tweet |