речник контакт

Започна со работа 9-тата Сликарско- кошничарска колонија Папрадишки мајстори

Десет дена 27 автори ќе творат во куќите на уметноста во Велес. Годинава има и скулптори и графичари

Петар Печков

 Дваесет и седум автори од седум држави започнаа да творат на 9-тата по ред  Сликарско- кошничарска колонија Папрадишки мајстори, кој се одржува во Велес. Уметниците се сместени во куќите на уметноста, сликарите во куќата на Касапови а копаничарите, резбарите и скулпторите во куќата на Џинот.  Тие десетина дена,  инспирирани од единствениот поглед на стариот дела на градот,  реката Вардар, црквите Св. Спас и Св. Пантелејмон ќе можат да работат на нивни нови уметнички дела. Колонијата од годинава според раководителите е комплетна, оти освен сликари и копаничари вклучени се и скулптори и графичари.

Се трудиме да го збогатиме авторскиот дел кој доаѓа и работи на колонијата. Имаме за прв пат графичари, дрворез и скулптори.  Сакаме да ги  имаме комплетно сите техники.  Бидејќи куќите каде работат авторите се отворени за посетители, гостите можат да видат  што се работи изворно и така да го зголемиме интересот на велешани за оваа уметност – рече Ангел Коруноски раководител на сликарскиот дел од колонијата.

Шеснаесет автори се во сликарскиот и единаесет во копаничарскиот дел. Доаѓаат од  Србија, Бугарија,  Русија, Хрватска и Македонија. Сите нивни дела ќе бидат претставени на изложба за Денот на општината 9-ти Ноември.

Годинава имаме најмногу автори во копанчарскиот и резбарскиот дел. Нема тема на која авторите ќе работат, се  е отворено според нивните инспирации – изјави Љубомир Бисинов раководител на овој дел од колонијата. 

Годинава за прв пат авторите добиваат материјал, оревина  за работа, две парчиња А3 и А4 формат.  Освен што  гостите ќе работат во куќите   на уметноста, тие имаа организирано и посети на селото Папрадиште од каде доаѓаат бројни македонски уметници зографи и градители, како и посета на винаријата Тристо.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »