Петар Печков
Објавено: петок, 06 мај 2022
Отворен е за работа горниот дел од покриениот Градски пазар. На него се поставени стотина пазаришни тезги зад кои се продавачите, кои тука ги пречекуваат купувачите.
Откако во средината на јануари беше извршен технички прием на горниот дел од новиот Градски пазар и отстранети недостатоците утврдени при увидот на објектот, по четири месеци тој утрово ги прими првите гости.
Изградбата на овој дел од пазарот е инвестиција од 36 милиони денари а изведувач беше фирмата Бауер БГ. Работите започнаа на 5-ти април лани, рокот на изведба на горниот дел од пазарот беше четири месеци, заклучно до 4-ти август, но се пролонгираше неколку пати. Продолжуваат градежните работи на понискиот дел од Градскиот пазаропремување на покриениот пазар.
ЈКП Дервен набави 160 нови пазаришни тезги, кои се купени од сопствени средства во висина од 3 милиони денари.
Tweet |