речник контакт

Започна судењето на обвинетиот за тројното убиство во Кавадарци

Станоев го призна делото, но откако во сведочењето даваше контрадикторни изјави со тие што претходно ги кажа околу начинот на извршувањето, Судски совет не го прифати признанието

Петар Печков

Тројниот убиец од Квадарци Тони Станоев (41 год) го призна делото, но  откако во сведочењето даваше контрадикторни изјави со тие што претходно ги кажа околу начинот на извршувањето, Судски совет не го прифати признанието. Според познавачите на  казненото право, така обвиентиот се судрува со казната доживотен затвор, што е предвидена за вакви случаи. 

Различните искази дадени при испитувањето и при признавањето на делото, се причина што  постапката започнува од почеток - рече претседателот на судскиот совет Тања Милева. Тони Станове е обвинет за тројно убиство кое се случи на 9-ти ноември минатата година во  Кавадарци. Спроед обвинителството тоа го с торил со умисла а од живот ги лишил таткото, мајката и сестрата на неговата сопруга Данче, Илија ( 61 год), Билјана (56 год) и Снежана  ( 33 год)  Леови.   

И додека семејството Леови се подготвувало за неделен ручек, дошол обвинетиот и денот го претворил во пекол. Со умисла ги убил трите лица, пукајќи  од пиштол, оставајќи зад себе грозоморна слика - рече обвинителката Слaвица Темелковски.

По нејзинито воведно излагање, пред судскиот совет зазтана обвиентиот Тони Станоев, со признание на вина. Тој ги прифати квалифакациите и начинот  како го  извршил делото, како  што беше напишано во обвинителниот акт. По барање на неговиот бранител адвокат Драган Георгиев, заради утвредување на висината на казната, Станоев сведочеше за нарушените семејни односи, но и за тоа дека бил брантел  од 2001-та и имал пост воен стрес, за што се лечел. И сега додека е во притвор  тој бил постојано под седативи. 

 

Проблемот беше со таткото на сопругата, кој е докажан криминаелц.Тој во неговата куќа правеше фалц бугарски лични карти и патни исправи и во таква куќа не дозволував да растат децата.Тука испадна проблемите пред четири години.  Критичниот ден отидов да разговарам токму за децата со сопругата, која ми рече дека е кај татко и. Кога стигнав не беше таму, јасм мислев дека се крие. Почнавме со Снежана да се расправеме, влечеме  за јакна, пиштолот падна и испука, прво во Снешана, па во  Билјана за Илија не се сеќавам - објаснуваше Станоев.

Последните негови зборови беа контрадикторни со тие дадени пред половина час на судењето, кога тврдеше дека пукал прво во Снежана и Билјана.  Претходно обвинетиот не сакаше да признае дека е затворски казнуван, не се сеќаваше иако од страна на судиите му беше преодчено за условна затворска казна од 2014-та.По ова сведочеше и неговата сега веќе проанешна сопруга ДФФанче. Тоа беа тешки и мачни моменти во суднцита, кгоа таа мораше да го каже нејзианито живот со Тоани.

 

Тоа  не беше живот, беше мака и пекол. бевме физички и  психички малтертирани и јас и децата. Иако и двајцата бевме вработени, често се случуваше децата да немаат ручек, тој многу бргу ги трошеше нашите заеднички пари.Пред четири години со пиштол се закнуваше на моите родители. Секојденво им праќаше по 200 пораки и 300 повици, дека ќе ги убие, а само кучето ќе  го остави живо. Критичнотот попладне во 15,55 влегов во куќата на татко ми. Ми беше чудно што е отворена а беше 9-ти номеври. Кога влегов видов локва крв, потоа ја најдов мајка ми мртава, ја слушнав сестра ми  вод кујната како бара помош. Избезумена  не можев ни помош да барам. Откако дојде брза помош, ја однесоа во Болница таму Снежана почина а полицаецот ми кажа дека го нашле и татко ми мртов, убиен - рече Данче, видно потресена и низ солзи.

Станоев по извршувањето на тројното убиство, беше неколку дена во бегство, недостапен на полициајта. Таа го пронајде два дена подoцна на градските гробишта во Кавадарци, каде беше уапсен.  Судењето продолжува на 15 јули, со сослушување на судските вештаци психијатрите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »