Петар Печков
Објавено: сабота, 15 ноември 2008
Започна судскиот процес со кој општина Велес ја тужи државата за триесетгодишното загадување од страна на Топилницата врз граѓаните. Наместо отштета од 1,5 милијарди денари, како во претходната постапка, сега се бара отстранување на последиците и чистење на тешките метали од земјоделското земјиште и од сите јавни површини во градот.
- Согласно Уставот една од темелните вредности е химанизација на просторот и заштита на животната средина и државата треба да гарантира здрава животна средина. Поради долгогодишното загадување кое е настанато како последица на неработењето на државните органи за контролата на воздухот, водата и почвата или е поради застарената технологија и прекумерното емитирање тешки метали од Топилницата, државата треба да ги отстрани последиците – изјави адвокатот Славко Петров, образлагајќи ја тужбата. Тој реагираше на работата на јавниот правобранител кој ја застапува државата, кој со процесни приговори, според Петров, сакал да ги избегне одговорите на тужбеното барање.
За јавниот правобранител, тужбата треба да биде адресирана до одредено Министерство или државен инспекторат во чија надлежност е примената на законскита регулатива за заштитата на велешани од загадувањето на Топилницата. Доказите кои се приложени во тужбеното барање се податоци од Физибилити студијата на Европската агенција за реконструкција, според кои во велешката почва до половина метар има неколкукратно повеќе концентрации на олово, цинк и кадмиум од дозволените, што е резултат на работата на некогашниот гигант на обоената металургија. Слична е состојбата и со концентрацијата на тешки метали во овошјето и зеленчукот, поради што стручњаците препорачуваат отстранување на овој слој на земјата.

Tweet |