речник контакт

Започна увидoт во избирачкиот список

Увидот може да се изврши и електронски

Петар Печков

Започна проверката на граѓаните дали ги има во избирачкиот список. Постапката се спроведува во подрачната единица на Државната изборна комисја, со работно време од 8 до 20ч. Kанцеларијата е отворена и во викенд, сабота и недела. Оваа проверка ќе треа до 18 март.

Граѓаните со себе треба да понесат лична карта или патна исправа.  Државната изборна комисија овозможи проверката да се врши и по електронски пат, на овој линк.

Истовремено продолжува  и потпишувањето за кандидатите за претседател на државата. Тоа се врши во подрачната канцеларија  на Државната изборна комисија, со работно вpеме од 8 до 20ч и преку викенд со тоа што на 8 март, последниот ден ќе работи до полноќ.

Во Велес има девет листи на кандидати за кои граѓаните можат да им дадат поддршка. За да бидат кандидат треба да соберат 10.000 потписи.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »