Петар Печков
Објавено: среда, 11 септември 2019
Започнаа конверзациски часови по англиски јазик кои се изведуваат во Градската библиотека ,,Гоце Делчев,, а во соработка со волонтерите на Мировниот корпус стационирани во Велес. Часовите се бесплатни а за нив владее голем интерес меѓу велешани. Така локалната библиотека „Гоце Делчев“ го продолжува проектот за изведување на бесплатни конверзациски часови за граѓаните на Велес, започнат пред четири години.
Целта на часовите, е преку директна и непосредна употреба на англискиот јазик со говорители од англиско говорно подрачје, да се вежба и подобрува говорниот англиски кај граѓаните -изјави директорот на библиотеката Игор Крајчев.
Нив ги изведува американецот Герет Пост, припадник на Мировниот корпус, во два термини, вторник и четврток со почеток во 19 ч. На следните часови можат да се приклучат сите заинтересирани, иако не присуствувале на договорниот, вчера-вторник. Доколку има потреба и повеќе заинтересирани ќе се формира и уште една група.
Сите кои сакаат да ги посетуваат овие конверзациски часови, потребно е да имаат минимално познавање на англискиот јазик, како и да располагаат со познавање на одреден фонд на зборови со цел да можат да ги следат часовите.
Tweet |