речник контакт

Започнаа бесплатните прегледи на мамограф за рано откривање на рак на дојка

Од Велешка болница на одговорија колку термини има неделно за овој преглед ниту колку реализирале во изминатите 10 месеци, наспроти реакциите на жените дека нема термини за преглед

Петар Печков

Од  денес 1-ви ноември започнаа бесплатните прегледи  за рак на дојка,со снимање на мамограф. Пријавувањето е преку специјална веб-страна. Истиот се реализира и во велешката болница.

„Жените од возрасната група од 45 до 69 години се опфатени во националната скрининг програма, кои не направиле мамографија последните две години, додека жените на возраст од 40 до 44, кои имаат член во семејството со рак на дојка и или друг дополнителен ризик фактор ќе имаат можност самоиницијативно да се пријават за скрининг мамографија на посебна страница за таа намена”, соопшти Министерството без да каже кога ќе биде објавена веб страната ниту нејзиното име.

Скрининг мамографијата е бесплатна за жените во програмата, партиципацијата ја покрива Министерството за здравство.

Жените со години реагираат дека нема термини за  мамографија. Од Велешка Општа Болница не одговорија колку термини има неделно и колку жени од овие ранливи категории се пријавени за бесплатен преглед на мамограф. Нити има одговор на прашањето колку прегледи на мамограф се извршени оваа година. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »