речник контакт

Започнаа подготовките на преставата „Без крв“ која ќе има премиера во септември на театарски фестивал во Пловдив

Претстава се работи во копродукција со Драмскиот театар од Пловид Буагрија

Петар Печков

Започнаа подговките за премиерата на новата претстава „Без крв“ која велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ја работи со Драмскиот театар од Пловдив. Истата е дел од двегодишниот меѓународен проект „Манифест“кој се реализира во соработка со Бугарскиот културно информативен центар во Скопје и БЦИЦ Скопје.  Проектот се реализира со поддршка на министерствата за култура на двете земји.

„Културната размена е добредојдена за двете држави, Бугарија и Македонија. Патот преку културата, поточно театарот, е најсрдечен, најбрз и најсилен,  народите од  двете држави да можат да се обединат.“ кажа режисерката Добрева. 

Таа во Македонија ја има работено преставата  „Магбет“  од Шеспир, во  Албанскиот драмски театар оd Скопје.  А лани на театарскиот фестивл Стоби учесуваше со преставата „Одисеја“.  Таа при престојот во Македонијa вреше кастинг на актери од земјава, кои ќе учествуваат во претстaвата „Без крв“. Работена е по текст на бугарскиот писател Александар Секулов, кој ја пишувал по мотиви на италијанскиот  автор Алесандро Барико. 

 „Целта на проектот Манифест е да  преку два ракописи на два исклучителни драмски режисери, да се обидеме да ја поставиме парадигмата, што нам ни значи денес современиот театар“ – кажа Сашо Димоски, директор на велешки театар. 

Лани во рамките на овој проект „Манифест“ беше реализирана преставата „Едвард втори“   во режија на Дејан Пројкоски.  Премиерата на „Без крв“ е закажана за  септември на Меѓународниот фестивал „Сцена на раскрсница“ во Пловдив.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »