речник контакт

Започнаа пробите на првата годинешна премиера на велешки театар „Инферно“

Велешкиот театар најавува спектакл за „Инферно“ работена според Данте во режија на Дејан Пројковски

Петар Печков

Народниот театар Јордан Хаџи Константинов- Џинот од Велес ги започна пробите за претставата „Инферно“, според „Пеколот“ од Данте Алигиери, а во режија на Дејан Пројковски.

Покрај режисерот Пројковски, авторскиот тим на претставата го сочинуваат: Олга Панго како кореограф, Валентин Светозарев како сценограф, Раде Василев како костимограф, Горан Трајкоски како автор на музиката за претставата, асистентка на режисерот е Марија Петреска.

Во претставата учествува речиси целиот ансамбл на Велешкиот театар: Васил Зафирчев, Исидор Јовановски, Кети Борисовска, Зорица П. Панчиќ, Маја Љутков, Славица Манаскова, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Симона Димковска, Марија Баркова, Кристијан Саздовски...

„Пеколот“ од Данте Алигиери, еден од најфасцинантните текстови во историјата на светската книжевност, за потребите на претставата ќе биде преведен во моќни и густи слики кои комуницирајќи со контекстот ќе создадат претстава во која супериорниот актерски и технички потенцијал на големата сцена на Велешкиот театар ќе биде максимално искористен. Дантевиот изворник, чии метафори зборуваат за слоевите на распадот на европската цивлизација, во претставата ќе биде толкуван преку контекстуализација на густите места и нивна транскрипција во оригинални сценски слики“- соопштија од Велешки театар.

Режисерот Дејан Пројковски е еден од најзначајните режисери во регионот. Неговите се режиите во Нови Сад -„Ана Каренина“, „Ричард Трети“, Бања Лука -„Дервишот и Смртта“, Софија  „Браќа Карамазови“, Сплит  „Орестија“, Истанбул „Ромео и Јулија“, Санкт Петербург „Опасни врски“, Подгорица „Бура“ претстави  закитени со најзначајните награди во регионот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »