Петар Печков
Објавено: четврток, 26 март 2015
Во тек се градежните работи за поставување реконструкција на трибините од Градскиот стадион. Овој период се подготвителните активности а се треба да заврши кон крајот на следниот месец кога на Градски ќе бидат поставени 800 пластични столици.
Нивната боја ќе биде црвена, како бојата на повеќето спортски клубови од градот, кој го носат името Борец. Стадионот минатата година доби нова подлога, вештачка трева.
Со поставувањето на столиците на него ќе можат да се играат и меѓународни натпревари а од ФФМ најавија дека во Велес ќе гостуваат селекциите од пониските возрасни категории.
Tweet |