Петар Печков
Објавено: петок, 22 јуни 2012
Советот на Општина Велес донесе иницијатива за започнување на активности, чија крајна цел е изградба на стационар за бездомните кучиња. Тоа произлегува од Законот за благосостојба и заштита на животните донесен 2007-та година. Овој стационар би се гадел на територијата од Вардарскиот плански регион, кој опфаќа девет општини.
Тука би се згрижувале кучињата скитници од Велес, Градско, Лозово, Чашка, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Росоман, Демир Капија. На овој начин заеднички би се решил овој проблем, кој не е само велешки, а економски би бил исплатив за сите заедно. Иницијативата во наредниот период треба да резултира со елаборат од Вардарски плански регион, каде би се градело тоа прифатилиште, колку би чинело, колку кучиња има во регионот.
Пота секоја од деветте општини треба да донесе одлука, да учествува со сопствени средства во изградбата на прифатилиштето или пак со елаборатот да се конкурира пред некоја од странските претставништва во земјава. На денешната седница беше разгледана информацијата од Центарот за јавно здравје, од каде велат дека состојбата со кучињата скитници во Велес е загрижувачка и забележани се каснувања од бездомните кучиња.
Tweet |