Петар Печков
Објавено: четврток, 17 јуни 2021
Од денес во Велес започнува вакцинација за заштита од ковид-19, со втора доза. Во пунктот за масовна вакцинација во спортска сала на училиштето УЗУС се пушта кинески „Синофарм“, додека од понеделник во пунктот во Здравствен дом се вакцинираат лицата на 75 години кои пред 84 дена примија „АстраЗенека“.
Изминатите три дена во пунктот за масовна вакцинација, се пушташе вакцината „Фајзер“ за лица од 40 до 59 годишна возраст, имаше термини за 990 пријавени граѓани.
„Претходните три дена вакциниравме 774 лица со „Фајзер“ како и 39 вакцини „АстраЗенека“. Од денес се пушта втора доза „Синоифарм“ во салата додека во Уред од понеделник почнува вакцинирање со втора доза „АстраЗенека“ - кажа д-р Марина Тодоровска, координатор на вакциналниот пункт.
Во Здравствен дом, во периодот од 31-и март до 20-ти април, во период од 15 работни дена, беа вакцинирани 824 лица, над 75 годишна возраст со „АстраЗенека“.
Досега во велешко вакцинирани на овие две локации се околу 6,7 илјади лица, 5,3 илјади во пунктот за масовна вакцинација и 1,4 илјади во Уред.
Tweet |