речник контакт

Започнува третиот по ред Фестивал на џез, ворлд и современа музика

Целта е да создадеме публика за ваков вид музика, која реално ја имаме ама многу малку, кажаа организаторите

Петар Печков

Со концертот кој недела вечер ќе се одржи на платотo пред Спомен Костурницата ќе започне годинашниот трет по ред Фестивал на џез, ворлд и современа музика.  Вториот дел од Фестивлот ќе се случува во втората половина на месец октомври. 

„Започнуваме со настапот  на Џемс Вајли и Егли Кацики, насловен Вардар. Тоа е поетско- музички -театарски перформанс, со поезија на Рацин  и други македонски автори, со грчки преводи. Веднаш по завршувањето во дворот на Јуроп хаус во Велес концерт ќе имаат Влатко и Лемпи со традицонални македонски песни“ – кажа Славче Коцев дел од здружението Арт генератор, кое е организатор на фестивалот.  

На 18 октомври гостува Антез  од Франција, настапот е во Ликовен салон. Тој следниот ден на мала сцена во театар  ќе одржи работилница. Овие настани се бесплатни. Следните концерти се со билет и ќе се одржат на големата сцена на театар. На 25  октовмри настапуват  Хатчитејшнс од Германија, македонскиот бенд Квартет од третиот свет и Зои`с Шангај- група од Франција во подем и како што организаторот ја најавува во скоро време големо звучно име на светската сцена. На 26 октомври се дуото  Филип Динев и Мартин Ѓаконовски, како и групата Калата. На 27 сите учесници се од Велес, ТДР и Данчо Саздов, бендот Луфтханза. Организаторот најави можно зголемување на програмата, не и редукција. 

„Програмата не е за широки маси, туку за љубители на музика со истанчен вкус. Мала музичка едукација за помладата публика. Целта е да создадеме публика за ваков вид музика, која  реално ја  имаме ама многу малку. Треба да ја изградиме. Имаме испуштено едукација на младите луѓе. Во 90 години имаше многу концерти, рок, панк, имаше бунтовност а денес гледаме дека младите сакаат турбо фолк, да бидат како публика тепани со патики. Испуштени се генерации кои не беа музички еудцирани и сега владее турбо фолкот и неговите ѕвезди“ – Сашко Костов музичар и дел од организацијата.

„Благодарност до спонзорите, бидејќи фестивалот е за алтернативна сцена. Го препознаа ова што го работиме  а заради младите, да добијат пошироки видици, нешто различно од тоа што го гледаaт и слушаат“ – додаде Фаик Мефаиловски, актер и член на организацијата. 

„Секоја манифестација што се организира а ја поддржувме е со цел дружење на луѓето, нивни средби, не за моја промоција. Затоа ги првиме театарските фестивали, културното лето, Питијадата, новогодишниот базар, луѓето да има каде да излезат, да се разонодат, видат со пријатели.Културата ги зглижува луѓето и ги рпави среќни“ – кажа градоначлникот Колев. 

Општина Велес со 500 илјади денари финансиски го помага одржувањето на фестивалот. Дизајнот на плакатот е на Филик Коруновски кој визуелизацијата ја работи  заедно со Борче Конзулов. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »