речник контакт

Запрежните коли имаат обврска да имаат торбички за изметот од коњите, ама сопствениците не ја почитуваат

Изметот од запрежните коли е сериозен проблем во живеењето во градот

Петар Печков

Реакциите на граѓаните се силни за изметот кој останува по градските улици од запрежниге возила кои се користат. За овој проблем зборуваше и советничката Мирјана Петрушевска Савова, на седница на Совет.

„Изметот од запрежните коли е сериозен проблем во градот. Го има по улиците кои гравитираат кон Градскиот пазар, но и на останатите сообраќајници каде се користат овие рабаџиски коли. Сопствениците треба да се задолжат, изметот да не завршува на коловозот. Така прават во светот, 21 век сме“ – рече Петрушевска Савова. 

Советот во септември 2016, пред десет години има донесено одлука за  уредување на оваа проблематика. 

 „Имаме одлука на Советот. Тој што користи коњ, магаре низ град, треба да ја почитува.  Откако полицијaта за сообраќајни прекршоци почна да ги одзема возилата, се вратија овие запpежни животни во сообраќајoт  во градот. Ги има се повеќе и повеќе. Давам и писмена и усна наредба на   комуналниот инспектор  кој излегува на терен, ги едуцира, ги контактира, ги замолува, ги информира какви обврски имаат. И ги казнува. Таа казна не делува, тие немат ниту лична карта, ниту имот.  Останува ние како локална власт да купиме такви торбички и ги поделиме на сопствениците“ – кажа градоначалникот Марко Колев. 

Со одлуката донесена во септември 2016 година обврзува лицата што управуваат  запрежни возила или го  водат добиток, да водат сметка за одржување на хигиената со обезбедување на хигиенска опрема  -кесе, метла, лопатка за прибирање на фекалните остатоци при движење.

Ако се создаде отпад -смет од добитокот на јавно прометните површини, лицето што управува со запрежна кола или добитокот е должено отпадот да го отстрани од местото каде е создаден, во спротивно тоа ќе го стори ЈКП „Дервен“ на сметка на лицето кое управува со запрежна кола или добитокот.

Предвидени се и мандатни казни за сторителите. Повеќе за оваа одлука во следниот линк 

фото архива ТрМр

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »