Петар Печков
Објавено: вторник, 19 март 2013
Шумското стопанство Бабуна изминатиот викенд засади 1250 садници од багрем на површина од половина хектар. Тие се засадени над црквата Св. Пантелејмон во реонот на ридот Вршник. Со ова општина Велес ја исполни обврската откако пресече борови на патот кон езеро Младост.
Според договорот локалните власти се обврзани колку борови исекле, толку дрвја да засадат, на нова локација. Стручните лица од Шумското, кои ја извршиле техничката работа околу засадувањето, кое било и од нивен расад, ја одбрале локацијата кад црквата Св. Пантелејмон. Од две причини затоа што тука е голина и поради можноста за лизгање на земјата од одвој дел на градот и заканата по храмот.
Tweet |