Петар Печков
Објавено: среда, 11 март 2020
На две локации во градот, вработените од Р.Е. Паркови и зеленило при ЈКП Дервен засадија 95 садници на повеќе годишни дрва.
Истите се засадени според Програмата за заштита на животната средина за 2020 година на Општина Велес и со средства од локалниот буџет на Општина Велес.
Од ЈКП Дервен информираа дека во Градски парк се засадени 48 садници од јасен и јавор и 35 зимзелени садници, додека 12 садници од јасен кај фудбалското игралиште во населба Превалец.
Tweet |