Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 декември 2019
Изминатата седмица на територијата на градот, на повеќе локации засадена е 250 висока вегетација- зимзелени и листопадни дрвја.
На површините од новоизградениот парк во Комплекс УЗУС, на улиците „Индустриска” и „Благој Ѓорев”, како и во Градскиот парк засадени се садници од туја, јасен, платан и други видови растенија.
Целта е подобрување на квалитетот на воздухот на територијата градот Велес и зголемување на бројот на високи садници - велат од локалната власт, која ова го работи согласно Програмата за работа.
Најавуваат дека до крајот на годината ќе се засадат и друга висока вегетација, на друга локација.
Tweet |