речник контакт

Засадени 400 садници дрва, под Клепа, во чест на Калина и Александар (фото)

Се формира шума под врвот Клепа, општина Градско за спомен на двајцата планинари кои загинаа искачувајќи се на врвот Кајмакчалан

Петар Печков

На површина од илјада метри квадратни се посадија садници од шумата во формирање ,,Калина и Александар,,. Таа  е на 600 метри надморска височина, под врвот Клепа во општина Градско.   Деновиве десетина  волонтери, вљубеници во природата од  Еколошката групација ,,Зелена сила,,  засадија 400 садници бреза, чемпрес, јавор, јасен и бел бор, донација од ЈП Македонски шуми а просторот  се наоѓа на границата помеѓу општините Градско и Росоман. 

Годинава започнавме да ја формираме шумата посветена на нашите пријатели Калина Велеска и Александар Миновски кои трагично ги загубија животите на 10-ти февруари 2018-та при искачување на врвот Кајмакчалан.  Една недела пред тоа со Калина бевме на искачување на Клепа и таа попатно засади една млада садница, токму на овој простор каде сега засадивме нови 400 и ги полеавме со два тони вода. Нејзината садница  е во средина. Оваа шума нека биде вечен помен за нашите другари,  кои ќе останат бесмртни.  Шумата секоја година на традиционалното искачување на Клепа ќе станува се поголема, со засадување нови садници - рече Игор Смилев еден од иницијаторите,  од ЕГ ,,Зелена сила,,.  

Просторот е заграден со еластична ограда, за превентива за зачувување на младите садници. Недела  е предвидено искачување на врвот Клепа 1.150 м, поставување на клепало, по кое врвот го добил името во турско. Меѓу учесниците се најавени и гости од четири друштва до Србија, од Параќин, Јагодина и Ќуприја. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »