Петар Печков
Објавено: вторник, 23 септември 2014
Светскиот ден на мирот, прогласен од Обединетите Нации- 21 септември, во Велес го одбележаа Детските градинки и Интернатот, преку засадување на дрво на мирот.
Детската градинка се вклучи во Акцијата за засадување на ,,Дрво на мирот,,. Настанот кој ги поврзува децата од светот, насочувајќи ги кон прашањето на здравата животна средина истовремено ја зголемува свеста за важноста на дрвата и шумите.
И вработените и ученицте од Интернатот „Лазар Лазаревски“активно се приклучија кон интернационалната акција „Засади дрво за мир“ 2014 во која се вклучени повеќе од 5000 училишта од 120 земји од целиот свет.
Акцијата „Засади дрво за мир“ 2014 е во организација на Интернационалната програма „Учење за шумите“ (Learning about Forest) на Фондацијата за еколошка едукација (FЕЕ) и ЕНО програмата (ENO). Интернатот во Велес беше првиот ученички дом и засега е единствен добитник на највисокиот статус, зеленото знаме.
Tweet |