Петар Печков
Објавено: четврток, 09 јуни 2016
Во Рациновата шума, во паркот од Спомен Костурницата, попладнево беа засадени десет нови садници на зимзелени дрвја. Нив ги засадија македонски поети, членови на Друштвото на писатели на Македонија, како и членови ан поетскиот клуб ,,Кочо Рацин,, до Велес. Оваа новина востановена пред три години, придонесе досега да се засадат 50-тина садници од кои само неколку не успеале да опстанат.
Во продолжение во Ликовниот салон, беше отворена изложбата ,,Грнчарски средби Велес 2016-та,,. Грнчарството бил првата страст на Рацин, разбирливо што токму тоа е дел до програмата на манифестацијата. Таа беше организрана зедно со здружението ,,Разбој,,.
Tweet |