речник контакт

Засадени уште 300 нови садници дрвја, во урбаната средина

Засадените се садници од туја, јасен, платан

Петар Печков

Во последните денови на ланската 2019-та година, локалната власт и ЈКП Дервен засадија уште 300 садници дрвја. Тие се засадени на повеќе локации во градот. Претходно, во месец ноември беа засадени 250 садници, со што бројката стигна до нови 550 дрвја, сите во урбана средина. Засадените се  садници од туја, јасен, платан.

Засадени се листопадни и зимзелени садници од дрвја на повеќе локации во градот: Новоформираниот парк „Узус“, Младински парк, Градски парк, ул. Индустриска, игралиште кај МВР, н. Тунел, ул. Благој Ѓорев, ул. АСНОМ, парк кај Општина Велес, парк кај Автобуска станица и ул. Христо Узунов - информираа од ЈКП Дервен, чии вработени ги засадија садниците. 

Целта е  подобрување на квалитетот на воздухот на територијата градот  Велес и  зголемување на  бројот на високи садници - велат од локалната власт, која ова го работи  согласно Програмата за работа.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »