речник контакт

Засилен надзор за малолетникот кој смртно ја застрела мајка си во Градско

Mомчето убиството го сторилo ненамерно

Петар Печков

Засилен надзор за малолетникот кој на 8-ми март ја застрела мајка си. Ова е одлуката на Основниот суд во Велес, на судијата за  малолетници,  за седумнаесетгодишникот од населба Градско.  

Нему му е изречена мерка   ,,засилен надзор од страна на Центарот за социјални работи,, откако во доказната постапка се докажало дека момчето убиството го сторил ненамерно. Ова го кажал вештото лице, доктор психолог кој рекол дека детето ,,било длабоко емотивно поврзено со мајката,,.  

И двајцата сведоци, другарите на детето, кои биле со него во моментот кога  пукал, го кажале истото, дека е сторено без намера и случајно. Обвинетиот бил емотивно скршен од стореното дело, на крајот од судењето рекол дека го сторил ненамерно, изразил каење и искрено жалење за чинот.   На завршувањето  рекол дека,, најмногу му е жал што неговиот најмал брат, не ќе може да расне без мајчинска љубов,,..

Убиството се случи на 8-ми март годинава,   кога  малолетникот, со ловџиска пушка  на неговиот татко, за кој тој имал дозвола, ја застрелала мајка си во вратот и таа починал на лице место.   Тоа го сторил  во присуство на двајца негови другари.   По ова веднаш истрчал кај татко си, кој имал кафеана во близина и низ плач рекол ,,Тато ја погодив мама,,.Така го информирал неговиот родител, што се случило во нивниот дом. Пресудата е правосилна. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »