Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 јуни 2010
Моите реакции се адресирани до поетите и советниците. Мораше ли така празно да биде во куќата на Рацин при Беседата на Жана Ангеловска? Мораше ли да биде така грдо на Лопушник каде освен градоначалникот немаше ниту едно официјално лице? И после ќе се прашуваме зошто државниот врв со години не доаѓал во Велес на Рациновите средби. Каде беа на свеченото доделување на наградите, во петокот бројните членови на Советот и ведлешките поети.
Овие вторите лути што ги нема на поетскиот митинг, го завртија грбот па на манифестацијата уште вечерта заминаа, како да е приватна забава е не посветена на поетот Кочо Солев.
И во неделата лоша слика на гробот на рацин, стотина планинари од Скопје, Кичево, Прилеп, гости од Кичево, Другово, одвоија време за да го посетат гробот на Кочо на Лопушник. Од Велес освен градоначалникот немаше никого во официјална делегација.
Дали биле поканети или не, не држи, бидејќи лицето Никола Бабунски, претходен претседавач на Советот пројавил сам интерес, сам барал информација и ја добил и беше меѓу неколку мината велешани кои дојдоа да му се поклонат на Рацин. И тука отсуствуваа поетите од Велес на кои изгледа им е најважно да се појават на поетскиот митинг, бидат видени и со тоа завршува нивниот животен сон, до следната година.
Има една добра маркетинг порака, цело е кога има се. А за празното?
Tweet |