речник контакт

Засолништата во Велес, како и другите во државата, во лоша состојба, констатираше Државниот завод за ревизија

Дел од засолништата се отворени и личат на депонии. Во Велес има 12 засолништва

Петар Печков

Во градот Велес има 12 скривници и тие се во лоша состојба, констатирале ревизорите од  Државниот завод за ревизија. Неевидентирани објекти од доделениот имот на ДЗС, запуштени и нефункционални засолништа, технолошки застарена, неупотреблива и несервисирана опрема… се дел од констатациите во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) по извршената ревизија во Дирекцијата за заштита и спасување, (ДЗС) за 2023 година.

„Со посета на дел од засолништата кои ѝ се доделени на ДЗС, а се наоѓаат во подрачните одделенија во општините Центар, Аеродром, Карпош, Гази Баба, Велес и Штип, кои располагаат со вкупно 32 засолништа,  утврдивме дека ДЗС не врши нивно тековно одржување. Голем дел од засолништата се блокирани или затворени од препреки од дрва и кабаст отпад, дел од нив се отворени и личат на депонии, а некои се магацини за стара опрема. Некои засолништа не се во функција поради неисправни системи за вентилација и недостаток на струја и вода. Истовремено, едно засолниште се користи од приватно правно лице, за кое користење не ни беше доставена документација за закуп, ниту пак утврдивме соодветен приход по овој основ“, се наведува во извештајот на ДЗР.

Според извештајот, дел од опремата на ДЗС сместена во магацините е нефункционална, неупотреблива и технолошки застарена, некомпатибилна, непроверена, несервисирана веќе подолг период, со поминат рок на употреба. Дел од  опремата  која бил доделена од Министерството за одбрана, согласно делбен биланс уште во 2005 година, е постара од 40 години.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »